Головна » Статті » Новини з новин » Новини з новин

Про ПВД «Твердиня» у македонській пресі

16.09.2015

Сайт «Струмица Денес»

Романот «Збркана сказна» на струмичанецот Киро Донев ќе добие украински превод

                     

Годинава 17 дела на македонски автори ќе бидат преведени на 17 странски јазици во рамки на Конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни дела од македонската книжевност од страна на странски издавачки куќи, пренесе МИА. Ова на прес-конференцијата го соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која појасни дека од објавувањето на конкурсот во 2014 година до денеска во Министерството за култура пристигнале 74 пријави на 38 издавачки куќи од целиот свет.

– Стручната комисија во состав Нове Цветаноски, проф. д-р Виолета Димова и м-р Енвер Беќири согласно предвидените критериуми на конкурсот поддржаа превод на вкупно 47 дела на македонски автори, 30 во 2014 и 17 во 2015 година кои ќе бидат преведни на 17 странски јазици-полски, српски, руски, германски, словенечки, украински, хрватски, француски, бугарски, црногосрки, албански, турски, италијански, ерменски, дански, шпански и амхарски, рече Канческа-Милевска. Според неа, ова е исклучителен успех за македонските автори и за македонското литературно творештво.

Меѓу овие 17 писатели се најде и струмичанецот Киро Донев чиј роман за деца „Збркана сказна“, издавачката куќа „Твердинија“ ќе го објави на украински јазик.

Писателката Оливера Николова изрази надеж дека македонските дела ќе извршат мисија надвор од државата и оти ќе овозможат, како што рече, проширување на нашите видици, на нашата можност да се споредуваме со други и да се инспирираме од други.

// http://strumicadenes.mk/romanot-zbrkana-skazna-na-strumicanecot-kiro-donev-ke-dobie-ukrainski-prevod/

Категорія: Новини з новин | Додав: Dyrektor (07.11.2015)
Переглядів: 368 | Рейтинг: 5.0/1
Всього коментарів: 0
Додавати коментарі можуть лише зареєстровані користувачі.
[ Реєстрація | Вхід ]